Сообраќајна несреќа синоќа се случи на крстосницата од регионалниот пат Струга – Дебар со локалниот пат за село Враништа, соопшти полицијата.

Во несреќата учествувале камион, две патнички возила и пешак.

Шеесет и петгодишниот пешак од селото Враништа е пренесен во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, каде што му се констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.