Беровското обвинителство поведе постапки против три лица.
На 19 април, за време на забраната за движење, обвинетите ги напуштиле своите домови во с.Будинарци и сите пеш се упатиле во дворот од куќата на нивен сожител, каде сите заедно со домаќините седеле и се дружеле по повод верскиот празник Велигден. Околу 19:00 часот меѓу нив настанало нарушување на јавниот ред и мир со вербална расправија и физички напад што било пријавено. При интервенција на полицијата кривичното дело е откриено, информираа денеска од Јавното обвинителство.
За стореното кривично дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, беровското обвинителство на судот му предложи на обвинетите да им изрече парични казни во висина од по 50 глоби по 10 евра или за секој од нив по 500 евра во денарска противредност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.