Нешто пукна, се слушна силен тресок, а потоа вивна пламен, видно вознемирени сватови сведочат за пожарот кој ја проголта Рагуза. Во моментот на несреќата во ресторанот имало свадба.
На видеоснимките кои ги објавивме се гледа како брзо авотмобили ја напуштаат катната гаража „26 јули“.
Еден од присутните на свадбата кого го затекнавме на местото на несреќата сведочи за Република дека пожарот настанал во магацинскиот дел среде свадбата.
Прво се слушна тресок, а потоа почна чад и за кратко пламен. Што да ви кажам, страшно, како на снимките што ги прикажувате од пожарите во Берово. Многу лошо. Се испаничивме, почнавме да бегаме, се растури свадбата. Јас бев долу, така слушнав…
Сватот раскажува дека музичарите ги оставиле инструментите, настанал општ хаос.
По скалите надолу, турканици, се испотепавме. Жени, деца врескаат. Страшно… Имаше и луѓе во лифтовите, не знам што се случи со нив. Слушнав виканици дека некој се заглавил во лифтот…
Репортерот на Република од местото на настанот ја потврди информацијата дека во лифтот имало заглавено човек, кој за среќа е успешно спасен.
Во моментов се растрчаа пожарникари со копачи и секири, наскоро со нови детали за што станува збор.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.