Маж со тешки повреди заврши во болница откако вчера околу 11,00 часот на магистралниот пат Штип – Велес, пред крстосницата Мамутчево – Велес, управувајќи патничко моторно возило „Лада нива“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, изгубил контрола над возилото и тоа се превртело.
Во незгодата возачот З.А.(53) од Пробиштип се здобил со тешки телесни повреди и е пренесен во Општа болница Велес, а подоцна со возило на брза помош бил пренесен во комплекс клиники „Мајка Тереза” каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Извршен е увид на местото на настанот и се работи на расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.