Три лица меѓу кои и малолетник завршиле со повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера напладне на автопатот Мајка Тереза, во насока од Скопје кон Тетово.
Како што јави МВР, возилото излетало од патот и се превртело, а со него управувал 40-годишен маж од Гостиварско кој се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен на Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
„Сопатниците Д.С. (38) и малолетник по укажаната лекарска помош се пуштени на домашно лекување. Увид на место на настанот извршила увидна екипа од Скопје“, велат од МВР
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.