9.25 Изразуваме искрено сочувство и солидарност со граѓаните и владата на Македонија- напишаа од грчкото МНР на нивниот официјален Твитер профил.
9.23 Шестмина повредени, од кои четворица во Градската општа болница „8 Септември“ и двајца на Клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација, интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ) сè уште се во критична состојба по вчерашната несреќа кога автобус се преврте на автопатот Скопје – Тетово, кај селото Ласкарци, изјавија за МИА од двете јавни здравствени установи.
9.21 Уште синоќа дел од медиумите во Грција објавија за страшната сообраќајна несреќа и првичната информација за пет загинати, а во текот на вечерта ги обновуваа и дополнуваа текстовите, како што се зголемуваше бројот на жртви.
9.15 Од тешките повреди здобиени во сообраќајната несреќа почина уште еден патник – вкупниот број на загинати се искачи на 15
8.45 Сочувство од албанскиот премиер
8.30 Прва изјава на патник во автобусот
00.44 Сочувство од холандскиот амбасадор
00.39 Изјава на директорот на Ургентниот центар Илир Хасани
23.48 Прес-конференција на премиерто Зоран Заев по вонредната седница на Владата
23.44 Меѓу починатите, како што потврди СДСМ за МИА, е и 25-годишниот Јовица Трпевски, син на пратеникот од оваа партија Благојче Трпевски од Гостивар.
23.40 Последен биланс – официјални податоци од министерот за здравство Венко Филипче
23.37 14 и 15 февурари прогласени за денови на жалост
23.21 Сведоштво на жителите на Ласкарци, кои први помогнале.
23.15 Вонредна седница на Советот на општина Гостивар
23.02 Во овие тажни мигови дозволете да изразам најдлабоко сочувство до семејствата на загинатите патници. Моите мисли се со нив.
22.59 Посетата на премиерот Зоран Заев, вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за земјоделство Љупчо Николовски на тиквешкиот регион е одложена поради трагичната сообраќајна несреќа денеска на автопатот Скопје-Тетово во која загинаа 13 лица.
22:44 Сугарески: Компанијата „Дурмо турс“ има лиценца за работа и редовно е вршен технички преглед на возилата
22:35 Бојко Борисов изрази сочуство на семејствата на загинатите во несреќата
22:22 Во автобуската несреќа загина и синот на пратеникот од СДСМ, Јовица Трпевски
22:14 Потресно сведоштво: Сам го извадив син ми од автобусот и го донесов на клиника, беше ужасно
22:04 Граѓани од Скопје нудат сместување за семејствата на повредените
21:54 Министерот за здравство Венко Филипче од Градската општа болница „8 Септември“ вечерва замина на Институтот за судска медицина каде треба да бидат идентификувани лицата што починаа.
21.52 МВР ќе ги соопшти официјалните резултати по завршување на увидот, кога ќе се знаат повеќе детали.
21.39 Директорот на ГОБ „8 Септември“, Христијан Костов ги прочита имињата на згрижените пациенти
21.31 По три часа сообраќајот на релацијата Скопје – Тетово е нормализиран
21.23 Изјава на директорот на ГОБ „8 Септември“ Христијан Костов
21.20 Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски испрати сочувство и кажа дека партијата со сите свои расположливи капацитети стои на располагање да помогне
21.19 Заменик-министерот за здравство Асим Муса изјави предмалку дека бремената жена која била патничка во автобусот е во стабилна состојба.
21.17 Министерот за здравство, Венко Филипче вечерва во посета повредените хоспитализирани во Ургентниот центар и во Градската болница „8ми Септември“.
21.08 Стотици членови од семејствата, роднини и пријатели на повредените и загинатите чекаат било каква информација за најблиските.
21.07 Премиерот Зоран Заев изрази сочувство до најблиските на загинатите за нивната загуба, а вечерва ќе ги посети повредените.
21:00 Градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари соопшти дека најголем дел од жртвите и повредените се граѓани на Гостивар.
20.56 Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје врши увид на лице место, возачот на автобусот е повреден и хоспитализиран.
20.50 Кандидатот за претседател на Републиката, Влатко Ѓорчев, изрази сочуство до семејствата на загинатите.
20.42 Министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека дека состојбата на четири лица е многу критична и се во животозагрозувачка состојба.
20.32 Од Обвинителството соопштија дека автобусот ќе се извлекува утре, а од возачот на автобусот кој е хоспитализиран ќе се зема крв и урина за анализа.
20.30 Очевидците велат дека глетката била стравотна и дека додека да стигнат ургентните екипи локалното население им пружало помош на настраданите.
20.26 Разговарано е со возачот, тој моментално се наоѓа во болница.
20.16 Прес-конференција на портпаролот на МВР Тони Ангеловски.
20.13 Засега има доволно единици крв за настраданите, потврдија за „Република“ од Минситерството за здравство.
20.09 Професорката Гордана Силјановска на својот фејсбук профил изрази длабоко сочувство до семејствата на загинатите патници од сообраќајната несреќа на патот Скопје-Тетово.
20.00 Седум се загинати на самото место, а пет се починати во ГОБ, претходно биле реанимирани, но за жал реанимацијата била неуспешна. Почината е и пациентката примена во старата градска болница и во Ургентниот центар има една пациентка во крајно тешка состојба, рече министерот.
19.55 Најпрво со багери бил превртен автпбусот а потоа пожарникарите влегле да ги извлекуваат патниците.
19.39 Филипче: Вкупно 13 загинати лица
19.25 Јас се наоѓам во Државната болница во Скопје каде моментално има 4 хоспитализирани лица во Ургентниот центар. Нивната состојба се третира професионално од страна на медицинскиот тим и јас сум убеден во нивната максимална посветеност за спасување на животите на овие луѓе.
19.19 Шест патници загинаа во автобуската несреќа на излез од Скопје кон Тетово, според првичните неофицијални информации од екипите на терен, кои ги извлекуваа настраданите.
19.11 Меѓу повредените од сообраќајката кај Карпалак е и една трудница која е донесена во Клиничкиот центар во Скопје.
19.10 Во градската болница „8 Септември“ се хоспитализирани 35 лица од кои 2 се донесени мртви, а три се на интензивна нега во и се борат за живот, но се во тешка состојба, потврдуваат од ГОБ „8 Сепптември“. Во меѓувреме двајца им подлегнале на повредите, а еден се бори за живот.
19.09 За да им се помогне на повредените во сообраќајата кај Карпалак денеска 13 возила од Скопје и од Куманово интервенирале.
18.49 Сè уште има заглавено патници под автобусот кој денеска поладне се преврте на патот Скопје-Тетово кај Карпалак.
18.30 Министерот Венко Филипче и медицински тимови од Здравствен дом Скопје, приватните болници Неуромедика и Систина се упатиле на местото на несреќата, во која автобус на „Дурмо турс“ се преврте од автопатот Скопје – Тетово, кај Ласкарци во близина на Сарај, каде што автобус се превртел во провалија, откако преминал на другата страна од колозовот и ја пробил оградата.
18.00 На автопатот Скопје-Тетово се случил собраќајна несреќа, во која автобус на автопревозникот Дурмо турс се превртел во провалија. На автобусот, кој бил полн со патници, му пукнала гумата, по што ја изгубил контрола и се превртел на автопатот.
Според првичните информациите има десетина патници кои се повредени, но уште не се знае дали имаа загинати. Во секој момент се очекува брза помош да стигне на самото место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.