Вчера во 18.25 часот на Граничен премин „Долно Блаце“, А.С.(60) од Скопје, кој се претставил како пратеник во Собранието на РМ и кој бил со неговото семејство со патничко возило „фолксваген пасат“, со скопски регистарски ознаки, на висок тон се обратил на полициските службеници со образложение дека никаде не чекал ред и дека ни тука нема да чека, соопштија од МВР.
По целосно документирање на случајот, против А.С. ќе бидат изготвени поднесоци по член 4 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, по Законот гранична контрола (избегнување гранична контрола) и по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (престигнување колона).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.