Граѓаните се револтирани откако на социјалните мрежи се појави видео од засега непознат сторител како пали во природа.Тој дури и се пофали на мрежата „Тик Ток“ како со запалка ги потпалува дрвата и растенијата и гледа како горат.
Треба да си многу глуп за ова да ти биде достигнување за пофалба на „Тик Ток“-коментираат на „Фејсбук“.
Пироманот очигледно ужива во уништувањето на природата и за тоа мора да биде санкционирал.„Република“ се обрати до МВР од каде ни одговорија дека знаат за случајот но оти засега нема пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.