Министерството за правда во тек на наредните денови ќе ја комплетира потребната документација за поднесување барање за екстрадација на Игор Спасов, осудениот поранешен припадник на специјалните едници на МВР за убиство на Мартин Нешковски, кој вчера беше уапсен во Бугарија.
–Ако лицето е во притвор државата има рок од 40 дена за поднесување барање за екстрадација, но веруваме дека во следните денови ќе ги прибираме потребните документи и до бугарските власти ќе поднесеме барања за екстрација на лицето Игор Спасов, велат за МИА од Министерството за правда.
Според извештајите на бугарските медиуми Спасов бил уапсен вчера околу 15 часот во населбата „Младост“ во Софија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.