Неколку часа откако багерите на јавното претпријатие „Македонија пат“ почнаа да ја уриваат дивоградбата пред трговскиот центар „Мавровка“, Основното јавно обвинителство отвори истражна постапка против сопственикот Мевлудин Алити и побара судија на претходна постапка од Кривичниот суд да му определи мерки за претпазливост поради опасност од бегство. Обвинителството бара да му се одреди домашен притвор, како и да му се одземе пасошот.

(фото: МИА)

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради постоење основано сомнение дека сторило кривично дело – Бесправно градење од член 244-а став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, во текот на месеците јуни и јули, во својство на инвеститор, градел објект со површина од 330м2 пред трговскиот центар  „Мавровка“ во Скопје, без притоа да добие одобрение за градба од надлежен орган“.  



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.