Утре, среда, во 9 часот наутро, пред ОВР Гевгелија ќе биде збирното место за граѓаните кои сакаат да помогнат во потрагата по гевгеличанецот Илија Минов.

59-годишниот Минов последен пат е виден во 7:30ч на 29.3.2021, облечен е во зелена јакна, плави фармерки, црни кондури, шалче кафеаво со црни риги.

Ви го пренесуваме апелот за помош:

ИСЧЕЗНАТ ❗
Илија Минов
Роден 09.1.1962.
Последен пат е виден во 7:30ч на 29.3.2021.
Облечен е во зелена јакна, плави фармерки, црни кондури, шалче кафеаво со црни риги.
Сопруг на мојата другарка Сузана Димитриева.

Татко на малолетна ќерка.
ЗНАМ КАКО СЕ ДИШЕ ОВАА БОЛКА!
Затоа воздржете се од некорисни информации, кои никому не се од полза.
За сите корисни информации јавете се на 192 ❗
Организирана е масовна потрага за утре
31.3.2021 ❗
Сите добронамерни луѓе, кои сакаат да бидат дел од оваа потрага…
Во 09 ч наутро, пред ОВРГевгелија ❗
Пишувам вознемирена, имајте разбирање, ве молам!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.