Полицијата се огласи за недостапноста на Сашо Мијалков, но засега не откриваат дали е распишана потерница по него.

Во изјава за „360 Степени“ од МВР само кратко велат дека се работи на негово пронаоѓање.

Судот му одреди мерка куќен притвор на Сашо Мијалков. Преземаме мерки и активности за негово пронаоѓање, велат од МВР

Eксдиректорот на УБК последен пат е забележан околу 14 часот во кафулето „Дистрикт“, во друштво на поранешниот градоначалник на општина Аеродром Ивица Коневски.

Од синоќа низ улиците на Скопје може да се забележи засилено присуство на полицијата, како и на повеќе адреси каде престојува и се движел обвинетиот Мијалков. Полиција и утрово е присутна пред хотелот „Мериот“, како и пред домот на Мијалков на Водно.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.