Откако новинарот Љупче Златев денес обелодени дека бил нападнат од член на обезбедувањето на Сашо Мијалков, се огласи и лично Мијалков.
Тој на својот Фејсбук профил напиша дека насилството врз новинари е неприфатливо и доколку имало таков случај го повикувам МВР да го расчисти.
Ниту некој од моето семејство, ниту некој од моето обезбедување кое е составено од професионалци не учествувал во никаков инцидент и сигурен сум дека тоа ќе се докаже откако ќе се расчистат сите детали. Тоа што во моментов се прави е реализација на уште една хајка против мене, преку медиумите под контрола на Христијан Мицкоски. Во изминативе две години Мицкоски нарачуваше десетици измислени и неточни текстови само за да ја покрие сопствената неспособност да ја води партијата и да понуди визија која што ќе ги привлече граѓаните, напиша Мијалков.
Според него, Мицкоски измислувал дека тестовите за Ковид 19 кои што беа донирани биле неквалитетни , а се најдобрите во светот.
Измислуваше дека сум добивал тендери во здравство , а немам никаков допир со тој бизнис. Вчера измисли дека сум имал стан во Охрид, а денес измисли дека моето обезбедување учествувало во физички напад и за тоа ги злоупотребува медиумите блиски до партијата. Затоа ќе ти порачам, Христијан занимавај се со тоа што ти е работа. Три години времето го трошиш на мене, наместо да работиш на програма и понуда. Три години го трошиш просторот во медиумите кои се критички кон власта за пласирање на лаги за мене, наместо да го искористиш за обединување на членството и жесток и конструктивен напад кон власта. Видовме до каде те доведе тоа. Наместо сигурна победа, сега секој член на ВМРО ДПМНЕ е во исчекување дали ќе направиш Влада.
Малку време ти остана, а ти наместо да преговараш со потенцијални партнери за коалиција и да обезбедуваш меѓународна поддршка, повторно се занимаваш со мене.
Твој е изборот, но да знаеш дека и јас и останатите членови на ВМРО ДПМНЕ очекуваме да успееш да го исполниш последното ветување да составиш влада, и ке бидам еден од првите кој што ке ти честита, но доколку не успееш тогаш очекуваме да имаш доблест и да си стоиш на зборот дека ќе си поднесеш оставка, стои во реакцијата на Мијалков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.