Власта утрово се обидува да сокрие случај на поткупување на гласачи и непочитување на полициски час, кој полициските службеници го констатирале на територија на општина Струмица.

Полициски извори од СВР Струмица утрово за медиумите брифираат дека настан во кој се приведени неколку лица кои се блиски до СДСМ по секоја цена треба да биде сокриен и да на биде евидентиран во полицискиот билтен. Изворите информираат дека станува збор за еклатантно кршење на законите, во кој е констатирано злоупотреба на полициските дозволи и за неговото прикривање интервенирале бизнис моќници од Струмица кои се блиски до партијата на Власта.

Во моментов се врши притисок врз полициските службеници да ги вршат промена на записниците каде што е констатиран пропустот, а за случајот е запознаен и врвот на МВР кој е близок до СДСМ.

Нашата редакција упати прашања до Министерството за внатрешни работи со цел целосно расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.