На Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“ синоќа е приведен М.М. (28) од Гостивар, кој потоа е предаден на Полициската станица Гостивар, затоа што се барал со централен распис од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар.
МВР денеска соопшти дека на 6 јули против него е поднесена кривична пријава за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“, предвидено во член 144 став 4 од Кривичниот законик.
М.М. се сомничи дека преку социјалните мрежи упатувал закани односно ја загрозил сигурноста на функционер на Владата. М.М. е задржан во Полициската станица Гостивар и ќе биде изведен пред судија во претходна постапка во Основниот суд Гостивар, се појаснува во соопштението од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.