Во текот на ноќта тетовската полиција привела жител на тетовско село откако бил пријавен дека се обидел да изврши обљуба врз сосетка.

Ноќеска околу 3.10 часот, полициски службеници на СВР Тетово лишиле од слобода 56-годишен жител на тетовско село, кој бил пријавен дека околу 19 часот се обидел да изврши обљуба над 30-годишната сосетка – информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Педесет и шестгодишникот потоа бил задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.