Маж од Скопје бил прегазен во дворот на неговата куќа кога камион се придвижил и го прегазил.

Во 08.37 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје било пријавено дека околу 07 часот кај нив со тешки телесни повреди бил донесен маж од Сопиште.

Според пријавата, се работи за 52-годишниот Т.К. од Сопиште, скопско, кој се здобил со повредите додека товарал товарно моторно возило во близина на неговата куќа. Во еден момент возилото само се придвижило, а Т.К. во обид да го сопре, паднал и со задното тркало бил прегазен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.