Во изминатите 24 часа, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје спроведе акциски контроли за откривање на возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол, за санкционирање на прекршоци од возачи на мотори и за контрола на брзина на движење на моторни возила.

При контролата за откривање возачи кои управуваат моторни возила со брзина поголема од законски пропишаната, констатирано е дека 38 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а откриени се и 108 останати прекршоци. При контролата за прекршоци од возачи на мотори, откриени се 35 прекршоци. Откриени се и 55 останати прекршоци, додека во контролата за откривање на возачи кои управуваат со возило под дејство на алкохол, кај 12 возачи утврдено е присуство на алкохол во крвта. Сите 12 возачи се исклучени од сообраќај и се одземени возачките дозволи, а откриени се и 47 останати прекршоци – извести МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.