Млад кумановец ноќеска бил избоден со остар предмет, соопшти денеска СВР Куманово. Настанот, како што додаваат оттаму, бил пријавен ноќеска по полноќ.

Најпрво настанала расправија во кафе бар помеѓу 21-годишниот К.П. и А.Н, која продолжила во друг кафе бар, по што А.Н. со остар предмет му нанел повреда на К.П. Повредениот бил пренесен во кумановската болница каде му била укажана помош.

СВР Куманово презема мерки за расчистување на настанот



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.