Шеесет и петгодишниот Eсат Емрули од Гостивар вечерта по несреќата се јавил дома и кажал дека е добро. Но, во текот на ноќта неговата состојба се влошила и тој им подлегнал на повредите.

Емрули е еден од 14 загинати во тешката несреќа на патот Скопје – Тетово. Тој бил банкар, кој како и многумина во автобусот, се враќал дома по работниот ден.

Во скопските болници 5 лица сè уште се во животозагрозувачка состојба.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.