На денешната седница АВМУ едногласно донесе одлука да поведе постапка за утврдување дали постои повреда на забраната за таен сопственик на радиодифузерот 1ТВ, јавува Сител. Бојан Јовановски јавно изјавува дека е сопственик на 1ТВ што е спротивно на информациите со кои располага Агенцијата за медиуми.

Според Централниот регистер, 1ТВ е во 100 проценти сопственост на „БЈМ Медиа Груп” што е во сопственост на Миле Јовановски.

На ваков начин се врши директно прекршување на членот 44 од Законот за медиумски услуги со кои што е забрането тајно сопствеништво на радиодифузерите, констатираа членовите на Агенцијата на медиуми.

По ваквата одлука во рок од 15 дена Бојан Јовановски ќе треба да поднесе писмена изјава заверена на нотар дека не е сопственик на 1ТВ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.