Вчера во попладневните часови во близина на браната Турија кај Струмица е пронајдено безживотно машко тело, информира портпаролот на струмичката полиција, Хризантема Рендевска.
Извршен е увид на местото каде е пронајдено телото од страна на екипи на СВР Струмица и ОЈО Струмица и по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција во Судска медицина во Скопје, рече Рендевска.
Додаде дека по добивањето на наодот од обдукцијата ќе има конкретни информации за идентитетот и причините за смртта кај пронајдениот маж.
Според неофицијалните информации на „Република“, се работи за 57-годишниот струмичанец Ристо Иљашев, кој беше пријавен за исчезнат на 7 мај. Неговото тело наводно било пронајдено во буре.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.