Во полициската станица Килеса Вода се бараат докази за бегството на екс директорот на УБК, Сашо Мијалков.

На информативен разговор се членови на семејството на Мијалков, како и обезбедувањето. По претрес на автомобил биле одземени мобилни телефони и актовки.

Пред полициската станица во Кисела Вода вечерва извршен беше претрес на автомобил марка „Голф“. Според информациите на ТВ21 автомобилот е во сопственост на обезбедувањето на Сашо Мијалков, кој според обвинителството веќе ја напуштил државата.

При претресот беа одземени неколку „Ајфон“ мобилни телефони, актовки со документи, а откако заврши претресот повторно се вратија во полициската станица на дополнителен распит.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.