Двојните аршини на владеењето на СДСМ излегоа на површина. Додека обични граѓани се малтретираат и тужат за една неплатена сметка, полицијата на Спасовски директно штити крадење на струја во ГТЦ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
На телефонски повик на Спасовски, поточно на високо лице од полицијата, службениците се повлекоа од увид на лице место, само затоа што јавна тајна е дека струја од ГТЦ краде функционер од власта и коалиционен партнер на премиерот во заминување Зоран Заев. Во Управниот Одбор на ГТЦ каде се штити крадење на струја е Трајанка Тасевска сопруга на директорот на БЈБ Сашо Тасевски и претседателка на локалниот форум на жени на СДСМ Кисела Вода. Значи МВР штити крадење на струја поради тоа што меѓу другото сопругата на директорот на БЈБ на МВР управува со ГТЦ. Токму затоа ЕВН искочи со информација дека нема екстра броила во ГТЦ со што го демантираше МВР и потврди дека се краде струја, реагираат оттаму.
Каде во светот на друго место има случај каде на телефонски повик, полицијата се повлекува од увид на лице место каде е констатирано кражба, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ, додавајќи дека тоа е можно само со криминалци на власт на чело со премиерот во заминување Зоран Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.