Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (06.02.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на Центар изречени се вкупно 97 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 17 санкции, пет за технички неисправни и нерегистрирани возила, шест санкции за користење мобилен телефон. Изречени се и девет мерки за некористење сигурносен појас, шест за непрописно паркирање.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.