Полицијата вчера на територијата скопската општина на Гази Баба изрече 192 санкциии за прекршоци во сообраќајот, соопшти МВР.
За возење без возачка дозвола казнети се 25 лица, изречени за 23 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, а 15 за неносење на заштитна маска.
На територијата на Град Скопје, пак, во текот на вчерашниот ден изречени се вкупно 448 санкции, меѓу кои за пречекорување на дозволената брзина на движење 52 прекршоци.
Од Министерството за внатрешни работи денеска информираа дека со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, вчера се изречени 33 мерки за технички неисправни возила и 43 за возење без возачка дозвола.
Изречени се и 67 мерки за непрописно паркирање, 61 возило е подигнато со „пајак“, санкционирани се и 23 пешаци, а изречени се 64 санкции за неносење на заштитна маска.
Засилените сообраќајни контроли, посочуваат во соопштението од МВР, продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.