Во текот на вчерашниот ден во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот на територијата на град Скопје изречени се вкупно 374 санкции.
Како што соопшти денеска МВР, за возење без возачка дозвола санкционирани се 24 лица, за пречекорување на дозволената брзина на движење изречени се 92 прекршоци, за технички неисправни и нерегистрирани возила 16, а санкционирани се и 27 мотоциклисти. За непрописно паркирање изречени се 107 мерки, додека 16 санкции се кон пешаци и 48 казни за неносење на заштитна маска.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, стои во соопштението од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.