Денеска во периодот од 06.00 до 08.00 часот, полициски службеници од СВР Тетово-ОВР Гостивар, постапиле согласно претходно изготвениот план за контрола и проверка во јавниот превоз, а во врска со почитување на мерките при превоз на патници за време на епидемија.
Притоа, на магистралниот пат Гостивар-Кичево била извршена контрола во три автобуси на гостиварска туристичка агенција, при што било констатирано дека не се придржувале кон мерките за заштита на населението од заразни болести односно имало поголем број на патници од дозволеното.
По целосно документирање на случајот против правното и одговорното лице ќе биде поднесен соодветен поднесок по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.