Полицијата во текот на вчерашниот ден само на територијата на општина Ѓорче Петров изрече вкупно 192 санкции.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи за возење без возачка дозвола санкционирани се 28 лица, 17 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 11 за прекршоци на мотоциклисти…
Вчера на целата територијана град Скопје, пак, полицијата изрече вкупно 400 санкции, меѓу кои 65 за пречекорување на дозволената брзина на движење, а 47 за технички неисправни и нерегистрирани возила.
Полицијата регистрирала и 14 прекршоци од возачи кои поминале на затворен семафор, 28 санкции за некористење на сигурносен појас, 15 мотоциклисти, 51 изречена мерка за непрописно паркирање, 48 возила подигнати со „пајак“ и 36 казни за неносење на заштитна маска.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, се вели во денешното соопштение од МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.