Вкупно 41 лице не ја почитувале забраната за движење од 20:00 часот вчера до 05:00 часот денеска на територијата на државата, информираат од МВР.
Од МВР, исто така, информираат дека во текот на изминатото деноноќие (26/27.04.2021) на територијата на Република Македонија, за мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 451 прекршок.
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата и сите заеднички да придонесеме за спречување на ширењето на Ковид 19.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.