Деветнаесегодишен скопјанец испланирал грабеж на сопствената фирма, по што во полиција пријавил разбојништво.
Полициски службеници од ЕВР ОКР Гази Баба по добиени оперативни сознанија ги приведоа М.М. (22) и Р.М. (19) од Скопје а во врска со пријавено кривично дело разбојништво на 18.11.2020, при што бил одземен дневниот промет од фирма за брза достава на пратки.
Разбојништвото го испланирал вработениот Р.М. откако претходно се договориле со М.М. и на локалниот пат с.Чифлик-с.Рженичино кај место викано Kисела вода, откако Р.М. ги доставил сите пратки и ги собрал парите, на посоченото место М.М. со дигалка го скршил стаклото од возачката врата на службеното возило на фирмата, по што ги поделиле парите од дневниот промет, а потоа вработениот Р.М. пријавил на 192 дека наводно му било извршено разбојништво – информираат од МВР.
По документирање на случајот ќе следи соодветна пријава.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.