Двајца турски и двајца македонски државјани биле уапсени откако од Бугарија се обидело да влезат во Македонија со фалсификувани ПЦР тестови.

На Граничен премин „Делчево“ синоќа во 21.30 часот полициски службеници ги лишиле од слобода М.Д.(20) од Виница и Г.Е.(28) и Ф.Ц.(30), двајцата од Република Турција, затоа што на увид приложиле негативни ПЦР тестови за кои, по извршени проверки, било утврдено дека се фалсификат.

 

Лицата биле придадени на инспектори од Одделот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија при Регионалниот центар за гранични работи Исток за понатамошна постапка – информират од МВР.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.