При детален преглед на багаж на турски државјанин на царинската испостава Аеродром Скопје царинските работници открија и запленија златен накит со тежина од околу 400 грама со проценета вредност од околу 450 илјади евра.
Како што информира директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски, заплената е извршена на 18 декември годинава, а чекале да добијат проценка од вештак за биде објавена во јавноста, бидејќи станувало збор за многу луксузен накит.
Против осомниченото лице од страна на Царинската управа е поднесена кривична пријава за сторено дело „криумчарење“, а судија на претходна постапка му одреди притвор во траење од 30 дена, информира Танасоски на денешната средба со новинарите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.