Полициски инспектори од одделот за борба против организиран криминал и корупција на МВР претпладнево, по наредба на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, влегле во веледрогеријата „Пановски“. Обвинителката Вилма Русковска за „Фокус” појаснува дека не се врши претрес, туку се одзема документација.
Се постапува по наредба на обвинителството, но не се врши претрес, туку се одзема документација, изјави обвинителката Русковска.
Истрагата е отворена во врска со паралелниот увоз на лекови од Турција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.