Обвинителката Вилма Рускоска денеска се приклучи на акцијата за чистење ѓувре во градот Скопје и во изјавата за медиумите најави дека обвинение за случајот Рекет 2 може да се очекува на почетокот на јануари. Потенцираше дека истрагата привршува и на почетокот од идниот месец може да очекува обвинение за случајот Рекет – 2, во кој се истражува работењето на невладиниот Меѓународен сојуз на Бојан Јовановски а покрај Боки 13, осомничени се и неговиот татако Бојан Јовановски – Боки 13, неговиот татко Миле Јовановски, асистенката Христина Блажевска, заменик-претседателката на Сојузот Јасна Мандиќ и пратеничката и потпретседателка на Собранието Фросина Ременски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.