Во денешните завршни зборови обвинителката Вилма Рускоска се осврна и на тврдењата на Бојан Јовановски на претходните рочишта дека од семејството на текстописецот Марина Туцаковиќ земал пари за лекови пред да оди во Милано.
За тоа да го потврди сведочеше претходно и нејзниот сопруг Фута Радуловиќ. Тој тврдеше дека на Бојан му дале 150.000 евра за да купи лекови и гардероба за неговата болна сопруга.
Но, Рускоска вели дека тоа не е точно и оти во една прилика Туцаковиќ му побарала пари и оти тврдела дека ќе му ги врати кога ќе и дојде некој поголем хонорар.
Таа немала 5.000 евра а не па на Боки да му дава 150.000 евра-рече Рускоска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.