Обвинителката Вилма Рускоска во денешните завршни зборови е убедена го докажале обвиниението за случајот „Рекет“. Според неа, Катица Јанева се уште живее во филмот на „Чарлиевите ангели“ и оти ги разочарала сите кои во неа верувале.

Видовме дека овде доброто е ставено во функција на злото, рече Рускоска.

Во однос на Бојан Јовановски таа истакна дека нема дилеми дека Ана Камчева и нејзниот сопруг му дале 1,5 милиони евра за да биде ослободен од случајот „Империја“.

Кога Камчев дојде во Обвинителството и кажа колку пари му барале не можев ни да замислам, истакна Рускоска.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.