Бојан Јовановски пред Апелациoниот суд денеска остро ја нападна обвинителката Вилма Рускоска, откако таа образложи дека тој имал намера да избега и оти за апсењето не го нашле во библиотека.

Јас седум месеци трпам тортура и Рускоска не ја сметам за надлежен обвинител туку како адвокат на две мафии, рече Боки.

Според него, претставува дискриминација аргументот дека тој нема основано семејство и оти тоа е негово право.

Јас немам основано семејство, но сум член на трочлено семејство како син единец, рече Јовановски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.