Писмо со образложение за смс пораката испратила обвинителката Вилма Рускоска, која нема да се појави пред советот на јавни обвинители. Претседателот на советот за јавни обвинители, Ацо Колевски, објаснува дека тие како совет побарале писмена изјава од Рускоска. Оваа изјава тие ќе ја разгледуваат во текот на денот и се очекува да донесат некаков заклучок или став за нивната колешка, но Колевски вели дека тие законски не можат да утврдуваат одговорност.

Рускоска образложението до советот на јавни обвинители го праќа, поради смс пораката што им ја испрати на апелациските судии кои на поранешната специјална јавна обвинителка, Катица Јанева и го заменија притворот во куќен притвор.

извор:24мк.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.