Обвинителската Вилма Рускоска денеска го презентираше обвинението во случајот Меѓународен сојуз. Таа тврди дека имаат несоборливи докази за обвинетите за делата за кои се теретат.
Рускоска вели дека да се формира невладина организација е хумано дело, но таа да се темели на лага, дека зад неа стои ЕУ, е врв на девијантен ум.
Таа објасни дека организацијата Меѓународен сојуз била формирана како што треба и на почетокот помагала на ранливи категории, се до моментот кога имале намера да градат станови за возрасни лица.
За таа намера од бизнисменот Силјан Мицевски биле земени 719.000 евра, а од Ардијан Амзоски 233.821 евро. Обвинетата Ременски пак била во друштво на Јовановски на средбите со бизнисмените, за да се покаже сериозност во целиот проект.
Имаме докази дека тие пари завршиле кај Бојан Јовановски, а оштетените никогаш не ги побарале парите и никогаш не прашале до каде е проектот – објасни Рускоска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.