При контрола на угостителски објект во тетовско Жеровјане, сопственост на 31-годишниот А.А. од Боговиње, приведени се три странски државјанки за нелегален престој, додека еден гостиварец бил приведен поради поседување нож.
При акциска контрола полициски службеници затекнале и привеле три странски државјанки, А.У.(24) од Русија, О.К.(33) од Украина и Ј.Г.(28) од Србија, поради сомнение дека го злоупотребиле туристичкиот престој, односно дека престојувале спротивно на целта. Трите странски државјанки се задржани во Полициската станица Тетово за натамошна постапка. Во објектот е приведен и 26-годишниот гостиварец Е.Ф., кај кого бил пронајден и одземен нож и на кој ќе му биде изготвен соодветен поднесок по член 80 од Законот за оружје – информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.
При контролата изготвени биле и 15 поднесоци за констатирани прекршоци по Законот за пушење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.