Во текот на вчерашниот ден до Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при Министерството за внатрешни работи преку електронска пошта пристигната е пријава која се однесува на определено лице кое преку својот профил на социјалната мрежа Facebook објавил постови кои содржат текст во кој се шири говор на омраза поврзана со припадниците на ромската заедница во државата.
✔️ Во таа насока, од страна на секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика веднаш е постапено и утврдено е дека во конкретниот случај се работи за лицето И. Ѓ. (30) од Скопје кое во повеќе наврати на својот профил на социјалната мрежа Facebook објавил постови со кои се шири говор на омраза насочена кон ромскиот народ и муслиманите, со што сторил кривично дело “Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ предвидено и казниво по член 394 – г од кривичниот законик, за што до Основното јавно обвинителство Скопје е поднесена кривична пријава.
➡️ Во однос на вчерашната изјава на Самка Ибраимовски каде истиот ме повикува да постапам во однос на ширењето на говор на омраза према Ромите би сакал да истакнам дека додека јас сум Министер за внатрешни работи, Ромите и сите останати граѓани ќе бидат еднакви пред законите и министерството за внатрешни работи ќе постапува неселективно, професионално и еднакво против секој кој ќе ги прекрши законите независно од неговата етничка, верска, политичка и било каква друга припадност. Во таа насока вчерашната изјава на господинот Ибраимовски ја сметам како свесна манипулација и груба злоупотреба и искористување на ромскиот народ за политички цели имајќи предвид дека се наоѓаме во предизборен период, напиша министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.