Српските цариници на граничниот премин Прешево на српско-македонската граница спречиле обид за шверц на речиси килограм семе од канабис, скриено во автомобил, а превезувано во приколка.
Како што соопштија од Царинската управа на Србија, семето од таа дрога е пронајдено на влез во Србија во автомобил марка „туарег“ со романски регистерски таблички, со приколка на која се шлепал друг автомобил. Возилото било управувано од романски државјанин (38) кој како и неговиот сопатник на цариниците им кажал дека нема што да пријави.
Под резервното тркало на автомобилот на приколката е пронајдена пластична проѕирна кеса во која имало марихуана – се наведува во соопштението.
Во багажникот е пронајдена и хартиена кеса од оригиналното пакување со растителен материјал; за кое постои сомневање дека се работи за семето на растението канабис.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.