Вчеравечер околу 21.15 часот на ул.„19“ во населба Илинден, Скопје полициски службеници од СВР Скопје, за време на воведената мерка за ограничено движење, ги лишиле од слобода А.А.(34), С.А.(22), Р.А.(57), Д.А.(41), Е.А.(27) и Б.А.(40), сите од Скопје, постапувајќи по пријава дека околу 21.00 часот поради нарушени семејни односи и меѓусебно нетрпение дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу А.А., С.А. и Р.А., од една страна и Д.А., Е.А. и Б.А., од друга страна. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.