Попладнево на Клиниката за Токсикологија физички бил нападнат дежурниот лекар, кој со повреди на главата бил пренесен во Ургентниот Центар.

Причината за нападот била банална. Напаѓачот дошол со своето малолетно дете на Клиниката и кога дежурниот лекар само му кажал дека треба да го однесе детето на Педијатрија, каде што исто така има токсиколог, тој почнал да го удира.

Лекарот потоа е однесен на Ургентиот центар каде што се утврдени повреди – расекотини на главата и површен хематом, по што е пуштен дома. Случајот е пријавен во полиција и се очекува тие да дејствуваат против напаѓачот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.