Сè уште се чекаат официјални информации околу случајот со починатата родилка од охридската населба Рача.

Од општата болница во Охрид потврдија дека таа се породила пред една недела, а повеќе информации и официјален став најавија во текот на утрешниот ден.

Kaко што јавува дописничката на „Сител“ од Охрид, првичните неофицијални информации се дека станува збор за млада жена родилка која со царски рез се породила пред 7 дена на гинеколошкото одление во охридската општа болница и родила здраво женско бебе.

После породувањето била задржана на одделението. Во текот на наредните денови кога требало да биде отпуштена дошло до влошување на состојбата на младата мајка, а откако било утврдено дека таа се наоѓа во животозагрозувачка состојба, итно била префрлена на клиниката во Скопје, каде по три дена починала.

Неофицијално, причина за смртта е сепса, но сè уште се чека официјалниот одговор за тоа од што почина 27-годишната мајка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.