Дваесетиседумгодишна кумановска синоќа се породила на Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство – Скопје со царски рез, а резултатот од тестот попладнево покажал дека е позитивна на коронавирус, дознава „Плусинфо“.
Таа немала позитивна епидемиолошка анкета, ниту пак имала покачена температура. Била породена според новите протоколи на ГАК во време од закана за ширење на болеста и персоналот бил целосно заштитен. Бебето на родилката кое е предвремено породено е во стабилна состојба.
На ГАК вечерва била примена уште една бремена жена од Охрид, која на Клиниката пристигнала со мртов плод. Бидејќи жената имала здравствени компликации и одредена фебрилна состојба, земени се материјали за тест од коронавирус, но резултатите сè уште не се готови, јавува „360 степени“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.