Во разговор за Телма, портпаролката на РКЕ го потврди инцидентот и информираше дека претседателот се чуствува добро .

РКЕ работи согласно законот и единиствено по што се водиме и ќе продолжиме да ги водиме постапките е врз основа на сила на аргументите, а не на физичка сила. Претседателот Бислимоски инцидентот го пријави во соодветните институции. РКЕ како и до сега ќе продолжи да се води од постулатот на заштитата на потрошувачот и сигурноста и стабилноста на електроенергетскиот систем – рече Марина Узунов, портпаролка на РКЕ.

Доцна синоќа Аријанит Џафери, син на поранешниот функционер на ДУИ Муса Џафери и сопственик на компанијата за снабдување со електрична енергија „У Пауер“, физички го нападнал претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски.

Причината за нападот врз Бислимоски е одлуката на Регулаторната комисија од 23 септември годинава да започне постапка за одземање на лиценцата за снабдување со електрична енергија на фирмата на синот на Муса Џафери.

Врз основа на пријава од МЕПСО, од каде алармирале дека фирмата „У Пауер“ ја нарушува стабилноста на системот за електрична енергија и неоправдано троши резерви на струја за сопствен профит, од РКЕ одлучиле да поведат постапка против компанијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.