Ресторанот Дион ги демантира денешните пишувања за инцидент во обкетот. Го пренесуваме демантот:
– Со оглед на невистинитите податоци кои беа објавени денес на повеќе портали, се обраќаме до јавноста за да ја презентираме вистинската состојба за немилиот настан кој се случи во Ресторан Дион. Воедно, длабоко сме разочарани што ниту еден од новинарите кои ја објавија сторијата не не контактираше и не побара точна информација за настанот од наша страна, туку едноставно наседнаа на класична лажна вест и продолжија со објавување на бомбастични наслови кои немаат врска со реалноста.
Утринава околу 11:00 часот, лицето кое подоцна беше идентификувано како Арменд Салмани, а во моментот не беше гостин во ресторанот, со очигледна намера да создаде немир и инцидент од само нему познати причини, го паркираше своето возило пред ресторанот (на среде Кеј!), ја остави вратата отворена и насилно, со погрдни зборови се обрати кон персоналот и дел од гостите. Притоа употреби и сила, буткајќи дел од инвентарот меѓу кој и компјутер и службени телефони поставени на шанкот. Одговорното лице од ресторанот, во обид љубезно да го замоли да престане со насилство, се здоби со крвнички удар во пределот на главата, за што побара и лекарска помош. Насилниот чин беше виден од страна на неименуваниот „син на пратеник“ кој не само што не учествуваше во настанот туку и е единствен заслужен што насилството не ескалираше. Тој, успеа да го смири насилникот и да го убеди да го напушти местото, по што ситуацијата се нормализираше и ресторанот продолжи со нормална работа.
– Целиот настан е уредно и точно евидентиран во Записник од страна на полицијата која за среќа веднаш пристигна на местото на настанот и ја увиде вознемиреноста и претрпениот стрес на гостите и остатокот од персоналот.
Стоиме на располагање за било какви понатамошни информации и Ве очекуваме во Ресторан Дион.
Менаџерскиот тим на Ресторан Дион
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.