Во пожарот кој ја зафати тетовската модуларна болница официјално потврдена е смртта на 10 лица, но нивниот број ќе расте. Според непотврдени информации до кои дојде Република загинато е цело угледно семејство кое било згрижено во модуларната болница.

Командирот на тетовската противпожарна служба сведочи дека додека гаселе, пожарникарите ваделе веќе мртви, но и живи луѓе од модуларната болница. Тој не сакаше да шпекулира за состојбата на повредените. Рече дека извадиле повеќе изгорени тела од пожарот но дека работа на други институции е да ги соопштат бројките.

Тој потенцираше дека пожарот бил пријавен во 21:00 часот, за половина час целосно го ставиле под контрола и покрај тоа што објектот бил цел изграден од пластика и огнот многу брзо се ширел. До 21:45 целосно го ликвидирале пожарот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.